170
Коментирајќи ја последната анкета објавена од американскиот институт ИРИ, потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми изјави дека ДУИ и Али Ахмети се училиште за сите други албански политички партии во земјава и дека граѓаните секогаш ја ценат работата и ангажманот на ДУИ, пренесе „Индекс“.
Првото место во анкетата на ИРИ е резервирано за ДУИ, а во врска со ова, Адеми вели дека другите албански политички партии треба да учат од Демократската унија за интеграција.
Инаку, анкетата што вчера ја објави Американскиот институт ИРИ, укажува дека ДУИ во албанскиот политички табор е прва партија и нејзиниот лидер Али Ахмети ужива најголема доверба од сите албански политички лидери.