Супермоделот Адријана Лима без да сака се најде вовлечена во меѓународен скандал. Таа случајно поддржа … терористи.4369730

Убавицата беше изненадена во фитнес клуб, додека тренираше. Кон неа се приближил симпатичен младич со камера, кој ја замолил да каже неколку зборови. Адријана не се посомневала во ништо, таа е навикната на љубов и почитување од своите обожаватели. На барање на својот нов “пријател” моделотнаправила гест на потврдување и го повторила пред камерата она што тој го побарал.

Но, следниот ден поранешниот ангел на Victoria’s Secret разбрал од интернет дека на овој начин ја промовирала десничарската турска организација “Сиви волци”. Нејзин член беше и сторителот на атентатот врз папата Јован Павле II во 1981 година – Али Агџа. Адријана Лима, која е мајка на две деца, веднаш се обратила кон печатот, за да изјави дека е жртва на подла измама.

Слични содржини