Афроамериканец во пеколот на Конгресот: Кој е херојот што спречи поголема трагедија на Капитол Хил? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои афроамерикански полицаец 85 секунди се спротивставува на толпата што упадна во американскиот Конгрес без насилство и употреба на оружје.

Видеото снимено од новинарот на Хафингтон Пост, Игор Бобиќ за време на упадот на приврзаниците на претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп, е веројатно најдобриот доказ за природата на конфликтот што шокираше добар дел од светот. Видеото покажува конфронтација меѓу афроамерикански полицаец и група претежно бели бунтовници кои упаднаа во зградата на Конгресот на тој ден, 6 јануари 2021 година, во обид да го оспорат резултатот од минатогодишните претседателски избори во САД, на кои Џо Бајден го победи Трамп.

Видеото брзо стана вирално и афроамериканскиот полицаец беше прогласен за херој затоа што тој се спротивстави на толпата што постојано му се приближуваше, 85 секунди без употреба на насилство или огнено оружје. За време на тој напнат конфликт, полицаецот двапати се повлекол по скалите, а експертите велат дека тој всушност не се повлекол, туку дека ја влечел бесната толпа од салата каде што обично седи Сенатот, кој тогаш бил полн со сенатори заштитени од вооружени полицајци, вклучително и еден со полуавтоматско оружје.

Полицискиот оддел на Капитол не го соопшти идентитетот на полицаецот, но неговите тројца пријатели, за Вашингтон пост изјавиле дека станува збор за Јуџин Гудман од Мериленд.

Професор по право на Правниот факултет во Њујорк и поранешен полициски службеник од Полициската управа на тој град, Кирк Буркелтер, изјавил за Вашингтон пост дека Гудман со таквата постапка најверојатно спречил избивање на сериозен насилен судир.

-Да постапеше различно, тој ден можеа да загинат многу повеќе лица. Тие луѓе таму дојдоа со пластични лисици. Не е неразумно да се помисли дека биле подготвени да земаат заложници… службеникот Гудман помогна да не дојде до голема трагедија – изјавил Буркелтер.

Вво нередите тој ден загинаа пет лица.

Слични содржини