Агуеро: Благодарам за поддршката, претстои период на опоравување (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро, кој неодамна мораше да го напушти теренот на мечот меѓу Барселона и Алавеш поради проблеми со дишењето, остана во болница уште неколку дена поради дополнителни тестови.

Аргентинецот е под постојан надзор на лекар, а тамошните медиуми пишуваа дека имал аритмија во срцето.

Во секој случај, за Агуеро оваа фудбалска година е завршена бидејќи има тримесечна пауза да се опорави и да направи дополнителни тестирања.

Ѕвездата на Барселона сега се огласи на социјалните мрежи и преку видео се заблагодари за поддршката.

„Ви испраќам прегратки „кулери“ (навивачите на Барселона). Ви благодарам за силните пораки за поддршка. Сега ми претстои период на опоравување за да ја дочекам новата добра вест. Дотогаш ви испраќам голема прегратка“, рече Агуеро.

Слични содржини