Агуерo намерно се повредил поради тајна клаузула во договорот со Барса?

од Stefanija Kuzmanovska

Се шпекулираше дека и тој ќе ја напушти Барселона поради заминувањето на Лионел Меси, подоцна тој самиот го демантираше, но во понеделникот вечерта се појавија нови информации во врска со Серхио Агуеро и неговиот престој на „Ноу Камп!“

Информација која „настана“ откако Аргентинецот се повреди и нема да биде на теренот два и пол месеци, а која вели дека наводно има клаузула во неговиот договор за раскин на договорот во случај на повреда.

Подкастот „Mas Que Pelotas“ беше првиот што ја почна приказната за споменатата клаузула што Барса ја стави во договорот, бидејќи е познато дека Агуеро имаше проблеми со повредите во последните сезони и честопати отсуствуваше од теренот.

Поточно, Барса има опција да го отпушти Агуеро доколку Аргентинецот не им донесе одреден број натпревари поради повреда, и се чини дека ова е ситуација која му одговара на поранешниот напаѓач на Манчестер Сити кој пристигна на Ноу Камп да игра со Меси.

А што се однесува до Меси, тој се уште е слободен играч! Се чинеше дека тој ќе пристигне во Париз во понеделник на преговори со ПСЖ, сепак, тој не ја напушти својата вила во Барселона.

Слични содржини