Агуеро: Останувам без здив кога трчам

од Nikola Popovski

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро ја заврши професионалната кариера поради проблеми со срцето, а сега изјави дека се уште не се чувствува здрав.

Агуеро стави крај на својата богата кариера на 15 декември 2021 година, а последен клуб во кариерата му беше Барселона.

Многумина се надеваа дека легендарниот напаѓач може да се врати кога ќе се опорави, но се чини дека тоа нема да се случи.

-Кога повторно се обидувам да играм фудбал, останувам без здив. Понекогаш се прашувам дали некогаш повторно ќе можам да трчам брзо како порано. Едноставно чувствувам дека срцето не ми работи како што треба, изјави Агуеро.

Најголемиот успех во кариерата го постигна играјќи за Манчестер Сити.

За „граѓаните“ одигра 390 натпревари и постигна 260 гола со 73 асистенции. Клучниот гол го постигна во 2012 година во четвртата минута од судиското обештетување во последното коло за победата против Квинс Парк Ренџерс со 3:2, со што Сити ја донесе првата титула по 44 години.

Слични содржини