Агуеро во среда официјално се збогува од фудбалот?

од Nikola Popovski

Серхио Агуеро, очигледно, официјално ќе се збогува од професионалниот фудбал на прес-конференција во среда.

Според каталонски „Периодика“, Барселона во среда ќе одржи прес-конференција на која Агуеро и официјално ќе ја соопшти тажната вест.

Аргентинскиот напаѓач последниот натпревар против Алавес го одигра на 30 октомври, кога по триесет минути игра мораше да го напушти теренот поради болки во градите, а подоцна беше утврдено дека има проблеми со срцето.

По дополнителните испитувања, во јавноста стигна вест дека Агуеро нема да може да ја продолжи професионалната фудбалска кариера.

Да потсетиме, Агуеро летово премина во каталонскиот тим од Манчестер Сити, за кој настапуваше цела деценија и постигна 260 голови на 390 натпревари. Претходно играше за Индепедиенте и Атлетико Мадрид.

Неговата голема желба беше да игра со Лионел Меси на клупско ниво, но тоа не се случи поради финансиската ситуација во Барселона, бидејќи Меси беше принуден да го напушти клубот и да го засили Пари Сен Жермен.

Слични содржини