Агуеро: Знаев дека нема финансиски добро да поминам на „Ноу Камп“

од Vladimir Zorba

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро изјави дека неговиот однос со неговиот кум Лионел Меси не бил пресуден за неговото доаѓање во Барселона, ниту за финансиите.

– Без сомнение, повторно би потпишал за Барселона, рече Агуеро и додаде: „Поради името на клубот, има многу играчи кои би се откажале од пари само за да дојдат. И ако клубот се подобри финансиски, претпоставувам дека ќе ги награди најмладите, а не мене. Кога се појави приказната за Барселона, знаев дека нема да поминам добро финансиски, но му реков на мојот агент дека не ме интересираат пари, туку дека сакам да одам на „Ноу Камп“. Кога се појави прилика, без сомнение сакав да дојдам и да потпишам.

Тој го коментираше и заминувањето на Меси од Барселона во ПСЖ.

– Разговарав со Лео, но не го прашував премногу, не сакав да го мачам. Ми рече за време на Копа Америка дека изгледа како да средил се, но повеќе не зборувавме за тоа. Кога се врати, ми рече дека се обидел да се договори, но тоа што се случи се случи и јас бев шокиран, како и сите други – истакна Агуеро.

Слични содржини