Ахмети од Чаир: ДУИ е добро организирана бидејќи пред нас имаме важни предизвици

од Radmila Tasevska

Огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир денеска одржа настан  за промоција на проектите на Секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир.

Меѓу многуте присутни, говор имаше претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети, првиот вицепремиер г-дин Артан Груби, потпретседателот на ДУИ, г-дин Бујар Османи како и претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир г-дин Беким Незири.

На мое огромно задоволството е што денеска овде учествувам на промоцијата на секретаријатите и на големите проекти осмислени од нив. Доаѓате од локалниот совет со големи имиња, па имате иницијатива да реализирате проекти со големи идеали. ДУИ е силно движење, а од нејзиното основање се прават обиди да се уништи, но реков дека оваа организација не исчезнува. ДУИ ги има своите темели во крвта на идеалистите и мисионерите на нацијата, затоа не се грижете што велат дека ќе добиеме болви затоа што ДУИ е правилно формирана и организирана со докажани професионалци.ДУИ веќе ја започна иницијативата за „Фронтот за ЕУ”, бидејќи пред нас имаме важни предизвици, затоа што ДУИ не сака поделби, туку соработка и заедно да одиме напред кон подобра иднина. ДУИ поддржува напредок и тоа секогаш ќе остане така, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во своето излагање пред присутните, првиот вицепремиер Артан Груби истакна дека преку 40 проекти презентирани на овој настан ја предизвикуваат Владата да ги исполни и реализира, притоа споменувајќи многу проекти кои успешно се реализирани од изборната програма на ДУИ.

Ви благодарам на сите за оваа голема работа, за составувањето на овие проекти, па аплаузот за сите нас во оваа сала оди само за вас. Овие проекти ќе бидат објавени во заедничка брошура, за да ние како Влада ги поддржиме истите, предизвикувајќи не да ги прифатиме и реализираме. Не предизвикувате да Ве поддржиме и заедно да ги реализираме овие идеи. Анализирајте ја програмата на ДУИ и видете колку проекти имаме завршено до сега, најголемото достигнување на ДУИ е довербата, бидејќи нема семејство или граѓанин што не кажува дека сме горди што имаме премиер Албанец. Имаме изградено капацитети кои денес ја водат државата, некогаш недостигаа кадри, но денес имаме капацитети кои соодветно не претставуваат. Успеваме, како што е ДУИ за сите, не само за 2-3 луѓе. Времето им припаѓа на добрите луѓе, времето е ваше, нагласи Груби.

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи рече дека ДУИ отворила професионални патишта во секоја институција во државата, почнувајќи од медицината, образованието, културата, па дури и политиката.

Работиме под капата на ДУИ, партијата која со години е штит на сите Албанци. ДУИ веќе е напаѓана организирано, синхронизирано меѓу себе, но овие луѓе забораваат дека со нападот на ДУИ ги напаѓаат Албанците и нивните достигнувања. ДУИ отвори професионални патишта во секоја институција во државата, почнувајќи од медицината, образованието, културата  дури и политиката, рече Османи.

Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири рече дека додека другите пцујат, навредуваат и критикуваат, ние не постапуваме така, туку работиме и носиме проекти за доброто на граѓаните.

Му благодарам на секој претседавач, на секој локален совет, на секој член на огранокот што придонесува за оваа активност во оваа агенда полна со проекти. Благодарност до секој соработник кој даде идеи и помогна во составувањето на повеќе од 40 проекти. Му благодарам и на секретарот, Фатон Ахмети што ја организираше оваа активност, на замениците, членовите, и секако се разбира  како што можам да го наречам и на албанскиот премиер, Артан Груби. Го поздравувам нашиот командант, претседател, Али Ахмети, не заборавајќи ги бранителите и семејствата на мачениците. Додека  другите пцујат, навредуваат и критикуваат, ние не постапуваме така, туку работиме и носиме проекти за доброто на граѓаните. На почетокот на 2002 година можеби овие проекти беа само идеи, но денес по 20 години имаме стручни кадари како адвокати, политичари, доктори и професори кои не почитуваат насекаде, а тоа е благодарение на визионерските политики на Али Ахмети, рече во своето обраќање, Незири.

Слични содржини