Ако ги додавате состојките по овој редослед, ќе направите идеално смути без грутки

од Stefanija Kuzmanovska

Смути е многу вообичаен оброк, особено во сезоната на летни температури и вкусно овошје. Ако го подготвите дома, добро сте свесни дека понекогаш е полн со грутки, така што постојано ги мешате состојките обидувајќи се да добиете еднолична смеса. Експертите велат дека проблемот е во редоследот по кој ги додавате состојките. Ако ги следите овие чекори, ќе можете да заборавите на проблемот што ја расипува вашата омилена закуска, пишува „Well + Good“.

1. Течни состојки
Без разлика дали основата на смутито е млеко, растително млеко, сок или кокосова вода, течноста е првата состојка со која треба да започнете.

2. Состојки во прав
Оние кои го збогатуваат смутито со протеински прав, треба да знаат дека влегуваат во мешалката веднаш по течноста. Ова помага да се осигурате дека правот се меша со пијалакот, а не дека имате грутки што личат на креда.

3. Свежо овошје и зеленчук
Ако подготвувате зелено смути, сега е време да додадете спанаќ, кељ или друг зеленчук со лисја. Третиот чекор е да додадете овошје. Најпрво одат помеките овошја, како банани, бобинки или кајсии, а потоа и потврдите видови.

4. Кремасти состојки
Непосредно пред крајот се додаваат јогурт или путер.

5. Замрзнато овошје, мраз, јаткасти плодови
Последното што се додава во смутито се замрзнати состојки, без разлика дали се работи за овошје или мраз. Во овој момент, се додаваат други адитиви како што се јаткасти плодови.

Слични содржини