Актерите одбраа: Ова се најдобрите филмови изминатава година

Доцна синоќа во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.

За најдобар актерски ансамбл беше прогласена екипата на филмот „Паразит“.

Актерите ги наградија и колегите за улогите во филмовите „Џокер“ (Жоакин Фенис) и „Џуди“ (Рене Зелвегер) кога се во прашање главните улоги, односно Бред Пит и Лора Дин за споредните улоги во филмовите „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Marriage Story“.

Наградени беа и каскадерите од филмот „Одмазници: Крајот на играта“.

Слични содржини