Аквамен се разведува по 5 години брак

од Vladimir Zorba

Џејсон Момоа (42), познат по улогите во „Aquaman“ и „Game of Thrones“ и неговата сопруга, актерката Лиза Бонет (54) од „The Cosby Show“, се разведуваат. Во подолга објава на Инстаграм профилот на актерот, поранешните сопружници им објаснија на следбениците зошто се решиле на тој чекор.

– Сите сме се промениле во ова трансформациско време. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања што се случуваат – започнаа актерите во заедничка објава и продолжија:

– И затоа ја споделуваме семејната вест за разводот. Не го споделуваме затоа што мислиме дека е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да се знае и проживее. Се ослободивме еден од друг за да бидеме она, што учиме да станеме.

– Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее – заклучија, малку поетски.

Момоа и Лиза се во врска од 2005 година, а заедно имаат две деца. Судбоносното „да“ беше кажано на тајна венчавка во 2017 година.

– На осум години ја видов Лиза на телевизија и реков: „Мамо, сакам да бидам тука“ – се пошегува актерот Момоа гостувајќи во „The Late Late Show“ во септември 2017 година.

„Размислував да ја следам до крајот на мојот живот и во одреден момент ќе стигнам до неа“, додаде Аквамен.

Во истото интервју Џејсон откри како тој и Лиза се запознале преку заеднички пријатели во еден џез клуб. И двајцата делеле голема љубов кон Гинис, па се поврзале.

„Отсекогаш сум сакал да ја запознаам, а таа отсекогаш била кралица“, рече тој тогаш.

Слични содржини