Албанец осуден на куќен притвор побарал да оди во затвор, вели животот со сопругата му е пекол

од Milan1

30-годишниот Албанец се пријавил во полициска станица за да биде сместен во затвор, бидејќи неговиот живот во семејната куќа со сопругата и нејзиното семејство е неподнослив, објавија карабинерите.

Албанец кој живеел во местото наречено Гвидонија Монтечелио во близина на Рим рекол дека „веќе не може да издржи принуден живот со сопругата“, соопштија карабинерите од соседниот град Тиволи.

„Во очај решил да избега и да се пријави кај карабинерите. Сакал да избега од сопругата и да ја одлежи казната во затвор“, додаваат тие.

Човекот е осуден на неколку месеци домашен притвор за злосторства поврзани со дрога , изјави капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Сепак, капетанот додал дека „животот му станал пекол“ и „не може повеќе да биде во семејниот дом“, па „сака да оди во затвор“.

Кога се пријавил кај карабинерите, мажот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, а правосудните органи наредиле да биде ставен во затвор.

Слични содржини