Албанската опозиција со осуда за притисокот врз судиите на Врховниот суд

од Vladimir Zorba

Изјавата на претседателката на Врховниот Суд, Беса Адеми, дека притисоците врз судиите е пракса, колку е вистинита, толку е и болна. Ова е нешто повеќе од релевантен доказ за нашата загриженост, за која постојано го креваме гласот, соопштија од здружената албанска опозиција.

„Сега е јасно кој врши притисок врз судството и зошто го прави тоа. ДУИ и СДСМ продолжуваат да ги нарушуваат сите демократски вредности, институционалната независност, интегритетот на судиите и воопшто на правосудниот систем, со присила врз нив, за да го вратат Груевски и да му го спасат животот, како и на неговите криминалци, сето тоа во корист на изборните калкулации за следните парламентарни избори. Затоа, ја поздравуваме оваа изјава, која ќе помогне уште еднаш да се разобличи ДУИ и нејзиниот кредибилитет што недостасува, како и да докаже дека ја изгубила и ја губи поддршката и политичкото влијание.

Ние – здружената албанската опозиција – ги осудуваме  овие неопрстливи постапки, затоа цврсто ги поддржуваме судиите во Врховниот суд. Воедно ги повикуваме да пружат отпор, да не станат плен на нивните уцени и закани и да постапуваат врз основа на правни акти и норми.

Никој не сме да се охрабри на овој начин да ја наруши независноста на судството, а уште помалку самата правда, додека оние кои го прават тоа мора да добијат соодветна казна. Сепак, најголемата казна ќе биде на изборите од кои не делат само неколку месеци“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини