Александар Лукашенко: Подготвен сум прв да тргнам во војна

од Milan1

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече денеска дека е подготвен прв да тргне во војна ако треба да се заштити татковината.

Тој состојбата во Европа ја нарече „военоподбуцнувачка психоза“, а Белорусија, како што рече е во епицентарот на овие настани, пренесува Интерфакс.

Лукашенко објасни дека во текот на заедничките воени вежби на Русија и Белорусија се обидел на новинарите да им доближи колку војната е ужасна и до какви ужасни може да доведе.

-Токму на крајот на воените вежби беше страшно – силен дожд, лапавица, ужасен ветер. Сите се смрзнаа, стоеја, се тресеа. Помислав дека со новинарите ќе зборувам подолго за да почувствуваат како е да се живее во непријатни услови на кои не сме навикнале. Ги прашав дали сфатиле колку е војната застрашувачка и дека може да биде полошо од сега, наведе белорускиот претседател.

Слични содржини