Алиу: Медиумите се клучен дел од инфраструктурата на законите во државата

од Nikola Popovski

Медиумите и законот за медиуми треба да бидат и се клучен дел од инфраструктурата на законите во државата, вели министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во интервју за Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Според него,  поради оваа причина, сега имаме дел од законот за медиуми со европско знаменце во парламентот, верувам дека ќе биде изгласан до крајот на месецот.

-А вториот дел од законот, бидејќи е покомплексен, ќе опфати регулација на портали, мултимедијални услуги, електронска комуникациска инфраструктура итн. Сето ова ќе биде внатрешно уредено. И верувам дека по овој закон ќе имаме појасна слика кај медиумите. Секако, целите се да расте квалитетот на медиумите, но и слободата на изразување, рече Алиу во интервјуто.

Слични содржини