Amazon ја претстави првата верзија на „совршениот домашен робот“

од Vladimir Zorba

Amazon амбициозно влегува на пазарот на домашни роботи. Онлајн трговецот на мало вчера претстави иновативен асистент робот со тркала наречен Astro, кој ќе се продава по цена од 1.000 долари.

Amazon Astro е кулминација на разните технолошки достигнувања во роботиката, вештачката интелигенција, надзорот на домот и услугите во облак. Ова е најамбициозниот производ на домашниот систем на Amazon.

Според компанијата, Astro е способен да направи многу работи што би ги очекувале од домашен робот. Тој може да ја покаже куќата, да ги почитува командите да оди во одредени простории, да препознава лица и да доставува предмети на различни луѓе.

Amazon Astro, исто така, вклучува карактеристики на гласовниот асистент Alexa, обезбедувајќи многу детали и информации за времето, а исто така може да се користи за видео повици. Astro ја следи личноста каде и да оди, со што го држи во кадар во текот на целиот видео повик.

Покрај тоа, роботот на Amazon може да ја следи безбедноста и сигурноста на домот кога сопственикот не е таму. Роботот може да талка низ куќата за да се увери дека се е во ред. Исто така, може да ги следи клучните показатели за човечкото тело, како што се крвниот притисок, отчукувањата на срцето итн.

Amazon тврди дека Astro е првиот чекор во еволуцијата на идеалниот домашен робот, а ќе следат и други верзии на паметниот уред.

Слични содржини