Америка не го реализираше планот: Бајден ги моли граѓаните да се вакцинираат

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте вакцинирани, заштитени сте. Ве молам вакцинирајте се, рече американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација.

Тој ја упати оваа порака неколку дена откако не беше исполнета целта 70 отсто од граѓаните да бидат имунизирани барем со една доза до Денот на независноста, 4 јули.

„Америка се враќа и се обединува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Тоа стана поголема загриженост поради делта варијантата на вирусот, која е полесна за пренесување и поопасна“, рече Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава, пренесува „Танјуг“.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести во петокот соопшти дека 67 проценти примиле единечна доза на вакцина против ковид-19, а 47 проценти добиле две дози.

Бајден прогласи делумна победа за време на церемонијата на Денот на независноста во неделата вечерта во Белата куќа.

Слични содржини