Американската вакцина за корона апсолутно ефикасна: Голем подвиг на стручњаците во борбата против Ковид-19!

од Aleksandar Petrovski

Вакцината против „ковид-19“, развиена од биотехнолошката компанија Модерна, во партнерство со американскиот национален институт за здравство, предизвика имунолошки одговор кај сите волонтери кои примале доза во фаза I од студијата.

Таа стана првиот американски кандидат за вакцината, чии резултати беа објавени во професионално списание, пренесува Си-Ен-Ен.

Раните резултати објавени во New England Journal of Medicine покажаа дека вакцината го стимулира имунолошкиот одговор со благи несакани ефекти како што се замор, пецкање, главоболка, болки во мускулите, болка на местото на инјектирање, но дека е апсолутно ефикасна.

Вакцината се очекува да влезе во главна фаза III на клиничко испитување на крајот на месецот, последната фаза пред регулаторите да размислат дали да започнат со производство.

„Тоа е добра вест“, рече д-р Ентони Фаучи, кој го предводи одговорот на САД на пандемијата, пренесува АП.

Модерна во најавата изјави дека, ако сè оди добро во продолжението на тестирањето, може да испорача околу 500 милиони дози годишно, а можеби и милијарда дози годишно, почнувајќи од 2021 година.

Во студијата објавена на 14 јули, истражувачите изјавуваат дека студијата е спроведена на 45 здрави доброволци, кои ја тестирале безбедноста на вакцината.

Колку долго може да трае имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината, сè уште не е познато, но овие 45 учесници ќе бидат набљудувани за следната година за да дадат прецизен одговор.

Во меѓувреме, Модерна планира второстепено испитување на вакцината, во кое ќе бидат опфатени 300 лица, од кои половина ќе добијат плацебо. Студијата ќе продолжи да ја оценува безбедноста и ефективноста на вакцината, како и вистинската доза за последната фаза на тестирање.

Бидејќи вакцината е итно потребна, Управата за храна и лекови на САД, исто така, ја одобри студијата за фаза III, во која ќе бидат опфатени 30.000 луѓе, што исто така ќе ја спореди ефективноста на вистинската вакцина со плацебо.

Бидејќи некои други вакцини во светот покажаа ефикасност, а најблиску до производство е вакцината од Оксфорд, доктор Фаучи рече дека е добро и важно е да имате што е можно повеќе одговори на оваа болест.

– Луѓето мислат дека ова е трка за еден победник. Се расположувам за секоја од нив. Ни требаат повеќе вакцини. Ни требаат вакцини за целиот свет, не само за една земја – рече Фаучи.

Слични содржини