Американски воен авион собори крстаречка ракета лансирана од Хутите

од Stefanija Kuzmanovska

Американски воен авион собори противбродска крстаречка  ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути од територијата на Јемен кон американски разурнувач распореден во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската војска.

Централната команда на САД (CENTCOM) во неделата на платформата X објави дека нема повредени и не е причинета штета.

CENTCOM соопшти дека проектилот бил соборен во близина на јеменското пристаниште Ходеида, објави „Ројтерс“.

Слични содржини