Ампева од „Гласен текстилец“: Зошто државата не дава пари и ваучери за вакцинирање, како што направи Вучиќ во Србија?

од Nikola Popovski

Претседателката на здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева вели дека како организација не се антиваксери, но мерката за вакцинирање на администрацијата и на здравството, според неа, е репресивна мерка.

-Две години здравствените власти не направија ништо со едукација и сега одеднаш Комисијата носи мерки кои треба да бидат изгласани и за 10 дена, работниците ќе треба да почнат да губат работа. Ова ќе се рефлектира и на приватниот сектор. Не е во ред, нема време. Низ историјата, вакви репресивни мерки не вродиле со плод. Не треба да ваков начин со репресија да се носат мерки. Каде се тука експертите?, изјави Ампева во емисијата „Студио 10“.

Таа изјави дека пристапот е погрешен и даде пример „зошто државата не нуди поттик за вакцинирање, давајќи пари и ваучери на граѓаните, како што правеше Вучиќ во Србија“.

Слични содржини