АМС со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

од Vladimir Zorba

Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот, соопштија од Агенција за млади и спорт.

„И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, додаваат оттаму.

Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид.

Слични содржини