Анастасија најави НОВА ПЕСНА: Сите очекуваа спот за „Хероина“, но… (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ неодамна беше принудена поради хакерски напад порано да ја објави песната „Хероина“, за која најави и дека веќе се работи на видеоспот.

Но, на нејзиниот инстаграм-профил осамна краток инсерт од сосема друга песна „Волим те“, која ќе ја промовира на 24 март. Анастасија веќе има два големи хита, „Савршен пар“ и „Ране“, а и „Хероина“ не заостанува зад нивниот успех.

Како што веќе знаеме, таа напорно работи на својот прв албум, кој го снима во студиото на Дарко Димитров и поради тоа, пред ситуацијата со коронавирусот често патуваше на релација Белград-Скопје.

Слични содржини