Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не беше добро расположен по мечот со Хетафе, и покрај тоа што „белите“ победија со 2-0 и стигнаа до врвот на Ла Лига. Италијанскиот стручњак беше бесен на судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа, кој не досуди пенал за прекршокот над Браим Дијаз во последните секунди.
„Не сакам да зборувам за тоа. Тој ми покажа жолт картон бидејќи му кажав дека според мене тоа е пенал“, изјави Анчелоти.
„Игравме добро и сме на првото место. Доколку ги добиеме следните два натпревари (против Атлетико Мадрид и Жирона), ќе имаме шест бода повеќе и тоа би било одлично“, додаде тренерот на кралскиот клуб.
„Мислам дека повредата на Рудигер не е сериозна и тој брзо ќе се опорави. Антонио беше силно удрен во бутот. Имаме два дена да го застанеме на нозе“, објасни Анчелоти.