Ангелов од Визбегово: Опасност за луѓето и возилата коишто се движат по надвозникот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, јавно соопшти дека во неколку наврати ЦУК побарал интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста се уште не е отстранета од надвозникот кај Визбегово.

Тој денеска револтиран од тоа што надлежните и по неколку месеци од пријавата не ја санирале дупката на надвозникот кај Визбегово, денеска со видео снимка покажа кои се опасностите од бетонските делови кои висат од надвозникот.

„Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112“, рече Ангелов.

Слични содржини