Ангелов за евентуалното дислоцирање на мечките: Може да се разбуди при транспортот или да настрада од преголема количина средство за успивање

од Nikola Popovski

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека поднел барање до МВР за целосно расветлување на нападот од мечка врз 76-годишен старец од село Пласница. Тој појасни дека опасната мечка е опасна за животот на граѓаните и ќе побара од Министерството за земјоделство и Министерството за екологија да извршат проценка дали се исполнети условите за отстрел на мечката.

Согласно Законот за лов, Министерството за земјоделство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч, по претходно мислење од Министерството за животна средина.

За проблемот со мечките во Маврово и Ростуше, според него, мерката за успивање и дислоцирање е специфичнa бидејќи мечките се опасни животни и оној кој што треба да ја успие треба многу да се приближи до животното и да биде искусно лице.

-Може мечката да се разбуди при транспортот или да настрада од преголема количина средство за успивање. Ова е ризична мерка. Постои можност каде би се дислоцирале некои од мечките кои би биле заловени на овие подрачја каде што ги има премногу. Се поставува прашањето како ќе реагираат жителите каде што овие мечки би биле пуштени на слобода, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

-Не е едноставно туку така да однесете мечки во некоја планина. Тоа може да ги вознемири жителите кои научиле да живеат без мечки. Во Маврово и Ростуше се навикнат да живеат без мечки, додаде тој.

Како што истакна Ангелов, ЦУК е против убивање на мечките, но доколку некоја нападнала човек и постои можност повторно да нападне, истата треба да биде застрелана.

Слични содржини