Ангеловска-Бежоска: Менувачниците не смеат да ги чуваат девизите

од Nikola Popovski

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска информира дека менувачниците не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Таа навести дека НБ веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците.

-Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките, вели Ангеловска-Бежоска во изјава за МИА.

Апел граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци упатија и банките. Уверуваат дека располагаат со доволно девизна готовина за задоволување на сите потреби на граѓаните, а менувачките работи кај банките се одвиваат непречено.

„Курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период“, информираат од МБА.

Слични содржини