Ангеловска: Ослободување на аконотации од данокот на добивка за април, мај и јуни

од Aleksandar Todeski

Секоја земја во своите можности се справува со предизвикот од коронавирусот. Ние сме мала економија и оваа сериозна состојба треба да ја сфатиме внимателно и да делуваме со многу голема претпазливост, бидејќи ефектите може да бидат драматични ако не ја следиме будно состојбата, кажа министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Сериозноста е уште поголема бидејќи нема предвидлива тракторија, со што има голема неизвесност. За таа цел, тимот во Министерството за финансии постојано работи на сценарија на влијанието на оваа состојба во буџетот и се подготвуваме и за најлошите сценарија. Да бидеме подготвени за најлошото, а да се надеваме и да работиме на најдоброто. Ова е специфичен удар од неекономски карактер, со непознат хоризонт, па тешко е да се предвидат предизвиците. Буџетот во моментот е стабилен, но тоа во услови на намалена економска активност ќе се смени многу брзо. Фискалниот простор кој го имаме е ограничен и треба многу внимателно и претпазливо да управуваме со истиот“, рече Ангеловска.

Министерката посочи дека се носат и други мерки, а меѓу другото, се одличило фирмите да бидат ослободени од плаќање на аконтации од данокот на добивка.

„Една од мерките е ослободувањето на аконтациите од данокот на добивка за следните месеци, односно за тримесечието април, мај и јуни. На погодените компании ќе им биде овозможено да не ги плаќаат аконтациите од данокот на добивка во следните три месеци. Услов е да немаат исплатено дивиденда, да немаат исплатено бонуси и да не го намалат бројот на вработени.  Мислам дека оваа мерка на некој начин е кредитирање и чесно е државата да ги помогне компаниите со што ќе им овозможи да не плаќаат претплати на данокот на добивка.  Законската затенза камата ќе биде намалена на 50 проценти, односно од 10 на 5 проценти за правни лица и од 8 на 4% за правно-физичко лице. Ќе направиме напори за промена во закон, односно да се зема предвид последниот месец за законски затензата камата“, истакна Ангеловска.

Таа истакна дека она што е најважно е секако здравјето на граѓаните, додавајќи дека буџетот на Министерството за здравство има простор успешно да одговори на здравствената криза.

„Пред светската и македонската економија се наоѓа еден најголемите предизвици од светската економска криза па наваму. Потребно е да бидеме реални, да не бидеме игнорантни, да бидеме свесни, секој еден од нас да сфати дека со своите негативни постапки им штети на останатите граѓани. Потребна е солидарност, рофитот во ниеден случај не смее да дојде пред луѓето, но потребна е адаптибилност. Коронакризата ги менува нашите животи и не може никој да каже до кога ќе биде така. Бројни компании веќе се реорганизираат, едноставно се адаптираат. Има и компании чии бизниси ќе растат, има онакви кои ќе затворат, но има и онакви кои ќе ги адаптираат своите бизниси и ќе ги премостат ликвидносните проблеми, некои со кризните мерки, а некои и без нив“, рече Ангеловска.

Министерката истакна деа Министерството за финансии ќе ја намали казнената камата за јавни давачки од 0.03 проценти на 0.015 проценти.

„Министерството за финансии и УЈП ќе им дадат препорака на провајдерите кои наплаќаат одреден износ за одржување на фискалните каси, да го намалат износот за 50 проценти“, рече Ангеловска, додавајќи дека ќе се препорача на банките да се намалат и цените за плаќање на финансиските извештаи на фирмите.

Слични содржини