Анкета: 86% од етничките Македонци кои гласаат за ВМРО не се согласуваат дека Македонија станала подобра земја како резултат на Охридскиот договор

од Vladimir Zorba

71 отсто од Македонците и 59 отсто од Албанците веруваат дека Охридскиот договор го подобри животот на Албанците и другите заедници во Македонија, покажа националната анкета на скопскиот Институт за политички истражувања во име на Министерството за политички систем, спроведена телефонски во последната недела во јули и првата недела од август со вкупно 1620 испитаници.

„Анкетата покажува дека 20 години по потпишувањето, граѓаните се уште го прифаќаат Охридскиот договор како основа за мирен, еднаков и подобар живот во нашата земја. И ова покажува дека особено животот на Албанците и другите заедноци во Македонија е подобрен и ние постигнавме еднаквост во многу области.” исталкнува првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Македонија стана подобра земја како резултат на Охридскиот договор – 69 проценти од Албанците се согласуваат со изјавата, како и 67 проценти од Македонците што гласаат за СДСМ, додека 86 проценти од етничките Македонци кои гласаат за ВМРО не се согласуваат.

Слични содржини