Анкета: Граѓаните гледаат најголем пријател во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Кога станува збор кој е најголем пријател на Македонија, најголем дел од граѓаните истакнале дека тоа е Република Турција, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт.

На прашањето „Која од државите вклучително и ЕУ ѝ помага најмногу на Македонија и нејзините национални интереси“, 22 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е Турција.

Потоа следуваат ЕУ со 21 отсто, па Германија со 15 отсто.

Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.

Слични содржини