Анкета на ИРИ: Груевски со најголема популарност меѓу политичарите

од Nikola Popovski

Најновата анкета на ИРИ покажа дека поранешниот премиер Никола Груевски се уште ужива најголема популарност меѓу граѓаните во Северна Македонија.

На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно“, 7% добил Никола Груевски, кој моментално живее во Будимпешта како азилант.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи премиерот Димитар Ковачевски со 5 проценти, Апасиев, Пендаровски и Касами со 3%, а Заев, Села и Бранко Црвенсковски со 2%.

Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

Слични содржини