Антикорупциска не е надлежна за суспензија на обвинителите Бубевски и Ајро

од Берта Китинска

Државното правобранителство од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарало да донесе одлука за суспензија на обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, кои беа дел од поранешното СЈО, поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“ поврзано со конфискацијата на имот од судскиот процес „Труст“.

Меѓутоа, од ДКСК порачаа дека Антикорупциска нема таква надлежниот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, појасни дека Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја информирал Комисијата оти поднело кривична пријава против Гаврил Бубевски и Артан Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет“.

„Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на ’Трансмет‘ и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка“, рече Георгиев на денешната седница на ДКСК.

Слични содржини