АПЕЛ ЗА ПОМОШ: На Менче итно ѝ се потребни 5.500 евра за да го спаси колкот

од Берта Китинска

Стаменка Трповска од Скопје за да го спаси својот лев колк,  треба да собере 5.500 евра и да направи операција во Србија.

Таа преку својот Фејсбук упати апел за помош:

„Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5.500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас“, напиша Стаменка на својот профил.

Телефони за донација:T – mobile 143 123 Жиро сметка: 270700042513594 со цел на дознака “донација за Стаменка”

Слични содржини