Арсенал успешно ги заврши преговорите со Јувентус за играчот од средниот ред Артур. Според информациите на „Тутоспорт“, Бразилецот ќе се пресели во тимот од Северен Лондон на позајмица, со опција за откуп.
Артур сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го навести тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото од голот на Артур Жесус во контролната против Челси (4:0).
Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да се договори со Јувентус. Сепак, Бразилецот сигурно не е вклучен во пресметките на Масимилијано Алегри за новата сезона и не ни отиде со тимот на турнејата во САД.
„Старата дама“ го купи Артур од Барселона во 2020 година. Формално трансферот беше вреден 72 милиони евра, но реално Бразилецот беше разменет за Миралем Пјаниќ.