Арсовска не се секира за тужбата и ѝ порача на Костадиновска Стојчевска да не се заканува

од Nikola Popovski

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска може слободно да ја тужи за прашањето: „Зошто ако министерката дознала за пожарот во Универзална сала пред 9 часот, не го пријавила веднаш?“. Според неа, министерката сама ја побила својата изјава за медиумите.

-Денес на новинарско прашање, можевме да видиме дека министерката кажува дека Универзална сала е осигурен објект, но не знае ниту каде е, колку е, кога. Тоа укажува дека или не знае или не сака да ја сподели информацијата. Треба да се даде прецизен одговор на која вредност и на кои случаи на настанување на штета. Денеска не добивме одговори туку само напади и закани за тужби, кажа градоначалничката на нова прес-конференција во просториите на Град Скопје.

Арсовска е децидна дека заканите на министерката нема да поминат. Градоначалничката апелира до јавноста да побараат одговор на прашањата за проектот за Универзална сала.

-Суштинско е да знаеме кој бил управителот на градба, кој бил надзорот и да знаеме по кој проект се работело. Денеска министерката излезе и почна да мавта со некои документчиња, за кои не им го знае значењето и врз основа на што се темелат. Единствено нешто слушнав е дека заканата дека ќе сум требала да одговарам. Сите знаеме дека оној кој ги прекршил законите не е Градот Скопје, туку оние кои што во моментов не одговараат на прашањата, истакна градоначалничката.

Таа најави секојдневни прес-конференции се додека, како што рече, не се добијат одговори на прашањата за реконструкцијата на Универзална сала.

Слични содржини