Арсовски: Бугарската политичка нестабилност нема да има контрапродуктивен ефект за Македонија

од Destan Jonuzi

Бугарската политичка нестабилност нема да има контрапродуктивни ефекти за Македонија, смета Љупчо Арсовски – дипломат од кариера и прв Амбасадор на Република Македонија во Грција.

– Генерално не, бидејќи тоа се внатрешни прашања на земјата а имало и во други ЕУ членки месеци и месеци со проблеми на внатрешен план. Исто време ние и Албанија сме во фаза на скрининг процесот до другата година ова време и се надевам ќе тргне на добро, освен кризата на енергетски и финасиски план која се повеќе ја опфаќа цела Европа и секако и други континенти, изјави Арсовски за „Локално“.

Политичките турбеленци во Бугарија се по извесно е дека ќе продолжи и по последните парламентарни избори, кој се одржа по четврти пат во рок од 18 месеци. По тесната победа на партијата ГЕРБ, на поранешниот премиер Бојко Борисов не е јасно дали ќе успее да формира влада. Во два наврати досега во Бугарија беше назначена привремена Влада. Членовите во сите претходни технички влади на Бугарија беа луѓе од најблиското опкружување на бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев може повторно да го има главниот збор во државата, откако изборите не донесоа убедлив победник кој ќе формира влада. Тоа, според дипломатите, не и оди во прилог на Македонија.

Д.Ј.

Слични содржини