Асошиејтед прес: Москва има тајна база во Ниш! Од таму ли трга на Балканот?

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Ова е одговорот на Кремљ против експанзијата на НАТО во регионот, велат западни аналитичари

20150624-ryvwssbjjr

Западни невладини организации и воени аналитичари тврдат дека Русите создале воена база, која прислушува и следи американските воени интереси на Балканот, пишува Асошиејтед прес восвојата последна  репортажа. Станува збор за предводен од Русија центар за борба со катастрофите крај Ниш во Србија, кој според западни експерти е база на Кремљ за шпионажа во центарот на Балканот.

Додека Србија сеуште е близок сојузник на Русија, нејзините соседи  на Балканот не веруваат на намерите и присуството на Москва, особено држави од поранешниот советски блок како Бугарија, Романија и Унгарија, управувани од комунистички режим  со децении по Втората светска војна.

Ако се докаже дека тоа е воена операција на Русија, основата би била  дека е првата на Кремљ во Европа, која е надвор од поранешниот Советски сојуз од распадот на Варшавскиот пакт во почетокот на 90-тите години на XX век.

Западни аналитичари истакнуваат дека базата – заеднички е  управувана од српската и руската влада, која се наоѓа до аеродром во Ниш,  и тоа е одговорот на Кремљ против експанзијата на НАТО во регионот.  186706_101902c2_iff

Секоја земја околу Србија е или во западниот сојуз, или сака да се приклучи.Рускиот партнер во основа е Министерството за вонредни ситуации – паравоен завод, чии активности вклучуваат борба со катастрофи, но исто така има позиции кои се заземени од руските тајни служби. Министерството одамна игра улога во Србија, вклучувајќи за деминирање и отстранување на бомби од воздушните напади на НАТО над земјата во 1999 година.

Центарот беше отворен со церемонија во 2010 година Сергеј Шојгу – тогаш министер за вонредни ситуации на Русија, а сега министер, вели дека долгогодишната шпекулации дека Русија е создадава воена база во Србија, е “чиста измислица”.

Претставниците на НАТО одбиваат да ја коментираат природата на базата, истакнувајќи лаконски дека не многу се загрижени за нејзината улога , каква и да е.

Претставници на ЕУ пак изјавија дека ако Србија стане членка на ЕУ, како сака, ќе треба да се приклучи на програмите на Унијата за борба со катастрофи и да заборави на Русите.

За време на неодамнешното посета на ткн. Руско-српски хуманитарен центар имаше малку видливи докази дека објектот се користи за нешто друго освен за борба со поплавите, шумските пожари и други природни катастрофи, забележуваат агенциите.  51rusko-srpski-humanitarni-centar-tanjug-dimitrije-nikolic

Кадрите на видеоекраните во командните соби, прикажани на новинари, се главно од камери за надзор лоцирани околу објектот. Однадвор руски инструктори  ги учат српски пожарникари. Внатрешноста на центарот за борба со катастрофи Вјачеслав Власенко, еден од руските директори во основа, објави дека центарот е далеку од опремена база за шпионирање на соседна Романија, каде што неодамна беа активирани елементи од противракетната одбрана на САД, или Косово, каде НАТО одржува мировни сили и има американска база.

Жителите на Ниш се поделени за руското присуство во нивниот град. “Многу се зборува за руската база, но јавноста не ја знае целата вистина. Мислам дека се случува нешто таму што општеството не  го знае “, е заедничкиот заклучок на сите.