Астро-флерт: Како да го освоите секој хороскопски знак?

од Elena Daskalova

Астрологијата подготви крати и конкретни одговори и совети, кога е заведувањето и освојувањето во прашање.

Овен

Пријдете му лежерно, но поставете му некое чудно прашање од типот „Ајде да скокаме банџи“. Ќе го збуните и изненадите, а вашата самоувереност ќе го освои.

Бик

Тие сакаат некој постојано да се труди околу нив, па затоа пристапот мора да го планирате постепено. Уште повеќе поени ќе добиете ако им докажете дека имате сериозни намери.

Близнаци

Тие на заведувањето гледаат како игра и забава, па ако сакате да ги освоите, поставете се во улога на плен кој всушност, чека да биде освоен и не престанувајте со флерт.

Рак

Тие сакаат романтично заведување, додворување и упорност. Со нив играте на сигурно со традиционалните вечери, подароци и комплименти, па дури и со знаци на вљубување.

Лав

Лавовите никогаш нема да ви поверуваат на комплиментите, но со задоволство ги слушаат. Нема да погрешите ако го пофалите нивниот изглед, по можност тоа да биде косата.

Девица

Нив само не треба да ги форсирате веднаш да ви вратат. Бидете умерени и правете го освојувањето постепено, на тој начин посигурно е дека ќе падне на вашиот шарм.

Вага

Вагите мразат клишеа, па ако сакате да ги освоите, обидете се со нешто неконвенцијално. Имајте предвид дека ќе бидете одбиени два-три пати дури и кога најмногу им се допаѓате.

Скорпија

За нив флертот е само почеток на една долга предигра. Не ги барајте често, оставете впечаток на незаинтересираност, за по кратко време самите да дојдат кај вас.

Стрелец

Тие сакаат хумор, а мразат срамежливост. Шегувајте се, па дури и на своја сметка и не заборавајте да им нагласите дека се поинакви од секој друг кој го имате запознаено.

Јарец

Тие се плашат дека другиот од нив сака само секс, па затоа и неколкупати ќе ве одбијат или ќе се однесуваат ладно. Пофалете ја нивната интелигенција и ваши се.

Водолија

Тие сакаат оригиналност, како и многу комплименти. Обидете се да составувате креативни реченици кога сакате да ги пофалите на каков и да е начин.

Риби

Сакаат романтика и сакаат да бидат заведувани, а кај нив лесно поминуваат и клишеа. Ценат искреност и многу им значи да им дадете до знаење дека ви е мило што сте ги запознале.

Слични содржини