Атанасовски: Апсењето на Рашковски е позитивен пример, нешто што не беше замисливо со претходната влада

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски смета дека нашата јавноста не е научена да се апсат функционери од една актуелна владина гарнитура, во моментот додека нивната владеачка гарнитура не власт, коментирајќи го приведувањето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Секогаш сме апселе функционери кога ќе се смени власта и тоа се сметаше за реваншизам. Очекував ваков развој на настани. Ова е позитивен пример од нашето ОЈО, каде што со претходната владеачка гарнитура не беше замисливо, суд или обвинител да тргне кон некој владин функционер. Климата е драстично сменета, дали е со членството во НАТО или дека речиси треба да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ, не знам“, вели Атанасовски за емисијата „Утрински брифинг“.

Да потсетиме, полицијата денеска изутрина го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет, Драги Рашковски, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција.

Слични содржини