Атанасовски: Неблагодарно е опозицијата да критикува или Владата да се фали после 100 дена

од Nikola Popovski

Секогаш сум сметал дека 100 дена е симболичен период за да се даде некоја критика за работењето на Владата. Тоа е премал период за оценка, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, врз базата на ветувањето после 4 години може да се види дали се исполнети ветувањата.

-Сметам дека неблагодарно е Владата да се фали или опозицијата да критикува. Тоа е дневно политички фолклор. Треба да помине време и да се видат генералните контури. Се наоѓаме во најголемата криза во целиот свет и многу работи не зависат од премиерот, опозицијата или Владата. Просторот за маневар е многу мал. Не тангираат случувањата во Украина и поскапувањето на гасот и енергијата, оценува Атанасовски.

Слични содржини