Атанасовски: Петков треба да ги вади „жешките костени“ што ги оставија Борисов и Каракачанов

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски смета дека во најмала рака треба да бидеме претпазливи и умерени оптимисти во спорот со Бугарија, по доаѓањето на премиерот Кирил Петков во Македонија.

-Петков даде сосема поинаков тон и реторика во однос на македонското прашање. Денес гледаме поумерен, цивилизациски и европски тон во решавање на спорот. За жал, бугарскиот премиер следува употребено вето. Петков треба да ги вади жешките костени, кои му останаа во наследство од претходната владеачка гарнитура, предводена од Борисов, Каракачанов и Захариева. Треба да извадиме позитивна реториика со позитивен импулс на иднината. Сметам дека постои простор на надеж за да се средат работите, потенцира Атанасовски во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини