Атанасовски: Во ковид-центарот на „8-ми септември“ нема празен кревет, се чека некој да се испише

од Nikola Popovski

„Во нашата институција нема место, се чека некој да се испише или да почине па за да се заземе неговото место“, изјави доктор Петар Атанасовски од ГОБ „8-ми септември“, одговарајќи на прашањето дали има празни болнички кревети во ковид-центарот во таа клиника.

Според него, состојбата е многу тешка, фалат места и се поголем број на млади заболуваат.

„Едноставно се прави напор сите да бидат згрижени. Бројката на прегледани во тријажниот центар во „8-ми септември“ е преку 100 пациенти за едно деноноќие. Им благодарам на персоналот во клиниката, но не знам до кога ќе издржат“, вели Атанасовски.

Слични содржини