Аврил Лавињ ја потврди врската со Тајга, разменија бакнеж во јавност (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Аврил Лавињ е во врска со раперот Тајга, а тоа го потврдија кога беа фатени како разменуваат бакнеж на забава за време на модната недела во Париз.

Тие двајца целото време го минале заедно и не криеле колку се блиски, а си разменувале нежности пред сите, па и пред фоторепортерите.

Нивната врска изненади многумина, особено затоа што Аврил до неодамна беше верена со Дерек Рајан Смит.

Исто така, Тајга претходно беше во врска со Кајли Џенер, а познато е и дека раперот бил насилен кон својата поранешна вереница Камерон Сенс, поради што извесен период беше во притвор.

Сепак, Аврил и раперот се уште ништо јавно не признале, но очигледно уживаат во меѓусебното друштво.

Потсетуваме дека пред да ја официјализира врската, пејачката неколку пати беше видена во друштво на Тајга, меѓу другото и во Малибу на вечера со пријателите.

Слични содржини