Австрија доби нов канцелар, Шаленберг положи заклетва

од Nikola Popovski

Денеска Александар Шаленберг положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија.

Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи актуелниот шеф на дипломатијата за нов канцелар.

Новиот канцелар влезе во владата како непартиски член, иако е близок со канцеларот Курц.

На местото на Шаленберг ќе дојде Мајкл Линхарт, кој, како и неговиот претходник, е дипломат.

Линхарт е роден во Анкара, а од август 2018 година, тој бил амбасадор на Австрија во Франција.

Слични содржини