Австрија: ЕУ повеќе да му помогне на Балканот околу мигрантите

од desk2

Австрија смета дека ЕУ треба уште повеќе да му помогне на Западен Балкан во совладување и запирање на мигрантскиот бран, порача денеска австриското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека запирањето на мигрантите не е никаков нов услов за приближување кон ЕУ.

„Австрија смета дека е неопходно да им се помогне на земјите од Западен Балкан во обврските што доаѓаат со мигрантите“, го дообјаснува Министерството за надворешни работи предлогот на нивниот шеф, Себастијан Курц, изнесен во интервјуто за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ за тоа дека ЕУ треба да формира бегалски центри надвор од нејзинататериторија, наведувајќи ги притоа како примери Грузија и Западен Балкан.

Во реакцијата на австриското МНР се наведува дека ЕУ на земјите од регионот треба особено финансиски да им помогне и да им понуди поголема поддршка, отколку што тоа беше досега случај.

ЕУ, исто така, треба да помогне и при протерување на одбиените баратели на азил, како и на лицата кои илегално ја минале границата, е ставот на Министерството.

Слични содржини