Австрија: Парламентот го продолжи „заклучувањето“ за невакцинираните

од Milan1

Австрискиот парламент го продолжи карантинот за невакцинираните за уште десет дена до 10 јануари. Австрискиот парламент може да ја ограничи слободата на движење само на десет дена, па одлуката за карантинот за невакцинираните е продолжена по втор пат и нема индикации кога би можело да биде суспендирано.

Заклучувањето беше укинато само на 31 декември и 1 јануари, за да им се овозможи на сите граѓани да ја дочекаат Новата година во приватна средина, со ограничен број луѓе, до десет.

Но, од 2 јануари невакцинираните можат да излезат од дома само доколку одат да купат дневни потреби, на работа, на лекар или на прошетка, но без присуство на луѓе од други домаќинства.

Новина во одлуката што ја донесе парламентот е што од 3 јануари престануваат да важат потврдите за вакцинација на лицата кои примиле само една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Министерот за здравство Волфганг Микштајн посочува дека овие мерки се неопходни со цел да се спречи брзото ширење на омикронските соеви и со тоа да се преоптовари здравствениот систем и критичната инфраструктура.

Слични содржини