Австриската влада објави „карта на исламот“, муслиманите се бесни

од Nikola Popovski

Австриската влада објави „мапа на исламот“ на Интернет, што ги вознемири муслиманите во четвртокот, кои предупредија дека станува збор за „стигматизација“, поради што „се чувствуваат несигурни“. Интерактивната карта „зборува за очигледна намера на владата да ги обележи сите муслимани како потенцијална опасност“, одговориле од Муслиманскиот совет во изјава пренесена од агенциите.

Претходно истиот ден, конзервативната министерка за интеграција Сузана Раб објави информација за отворање на нова страница наречена „државна мапа на исламот“.

Имињата на повеќе од 600 џамии и организации, нивните адреси, имињата на водачите и нивните можни врски со странски земји може да се најдат на неа.

-Не ни беше намерата да ја охрабриме „општата недоверба кон муслиманите“, рече Раб, туку да ги разоткриеме „идеологиите“ што ги предизвикуваат „вредностите на либералната демократија“.

Картата е резултат на соработката помеѓу Универзитетот во Виена и Центарот за надзор на политичкиот ислам, тело основано минатата година од коалиција на конзервативци и зелени.

„Овој проект, кој ги идентификува муслиманите со исламистите, е во спротивност со политиката на интеграција“, рекла Фаика Ел-Нагаши, портпаролка на Зелената партија за интеграција.

Да потсетиме, конзервативниот канцелар Себастијан Курц редовно го критикува „политичкиот ислам“.

По првиот напад на џихадистите на австриско тло што се случи во ноември, бројот на вербални и физички напади врз муслимани се зголеми во таа земја, наведува организацијата што бележи вакви напади.

Во 2020 година беа регистрирани 1402 напади, претежно на Интернет, што е зголемување за 33 проценти за една година, а оваа нова мапа само ќе го „храни расизмот кон муслиманите, кој постојано расте, а тие се изложени на зголемен безбедносен ризик“, изразиле жалење од Муслиманскиот совет.

Слични содржини