Две лица се повредени откако на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 18:30 часот.

-По незгодата, возачот и сопатникот Г.С.(41) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини