Баерн има нов тренер, го платија 12 милиони иако испадна од Премиер лига

од Nikola Popovski

Приказната која кружеше изминативе неколку дена се оствари. Винсент Компани е нов тренер на Баерн Минхен и според угледниот „Скај Спортс“ клубот од Германија ќе плати отштета од 12 милиони евра!

Компани работеше во Барнли во последните две сезони, прво го одведе во Премиер лигата, а потоа летово испаднаа во Чемпионшип.

Прва тренерска работа му беше Андерлехт, каде во сезоната 2019/20 беше играч-тренер, а потоа уште две години ја извршуваше само функцијата шеф на стручниот штаб.

Кариерата ја започна и ја заврши во овој белгиски клуб, а претходно играше и за Хамбугер и Манчестер Сити со кои четири пати беше шампион на Англија.

Да потсетиме, оваа сезона Баерн заврши на третото место во Бундеслигата, беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Томас Тухел не сакаше да остане, иако Баварците во еден момент сепак сакаа да го задржат.

Слични содржини