232
Познатиот милијардер Ворен Бафет со холдинг компанијата „Беркшир Хатавеј“ откри дека неодамна ја зацврстил својата позиција во пет јапонски конгломерати „Иточу“, „Марубини“, „Мицубиши“, „Мицуи и Ко“ и „Сумитомо“.
Тој во просек веќе има удел од 8,5 отсто во споменатите компании, а неговиот хоризонт е како и секогаш долгорочен и предвидува дека уделот дополнително ќе зајакне и до 9,9 отсто, пренесе „Мина“.
Цените на акциите на споменатите компании годинава се зголемени за најмалку 30 отсто, а рекордер е „Марубини“ со раст од 62 отсто.
Токискиот елитен индекс „Никеи“, кој вклучува акции на 225 јапонски компании, веќе доби 28 отсто оваа година.